Moj НРП

За програмата

За програмата

Немаме резервна планета

Ширум светот луѓето денес ги преземаат правата на луѓето на утрешнината, а ние почнуваме да разбираме дека сме среде една пракса со која ги загрозуваме основните човекови права на идните генерации.

Ширум светот луѓето денес ги преземаат правата на луѓето на утрешнината, а ние почнуваме да разбираме дека сме среде една пракса со која ги загрозуваме основните човекови права на идните генерации.
Светот незапирливо се движи кон еден од оние трагични моменти кој ќе ги наведе историчарите од иднината да се запрашаат зошто ништо не било сторено навреме. Затоа е важно сeѐ повеќе да расте граѓанската свест за важноста секој поединец на различен начин да придонесе во менувањето на односот кон животната средина и кон општеството во целост.

Програмата немаме резервна планета за првпат излезе на виделина во 1999 година како прв македонски изворен проект кој што создаде дидактички материјали за подигање на јавната свест и значењето на заштитата на животната средина .  Од тогаш па до денес, постојано се усовршува, развива, дополнува и во тој свој развиток се здоби со три нови димензии.

Прво, од пилот проект  кој се резлизираше само во неколку основни училишта прерасна во интерактивна, комплексна, едукативна програма која ги покрива сите градинки, основни училишта, средни училишта и ученички домови во Р. Македонија и која нуди едукација и целосна методологија за еколошко менаџирање на истите институции.

Второ, Универзалната применливост, усогласеноста со наставните програми, можноста за збогатување на постоечките наставни соджини и овозможи на оваа програма да си најде свое место во официјалниот курикулум во Република Македонија.

И трето, поради својот мултикултурен и не-политички карактер како и брзите и ефикасни резултати, истиот проект прерасна во Интернационална програма која како прв македонски изворен проект успеа да излезе од границите на Р. Македонија и да го прошири своето поле на делување и надвор од нашите граници.