Moj НРП

Ден на акција под мотото „Чиста околина- здрав живот“

Ден на акција под мотото „Чиста околина- здрав живот“

На 22. 04. 2013 година ООУ „Јоаким Крчовски’ од Крива Паланка како Еко- училиште зеде активно учество во одбележувањето на Светскиот ден на акција под мотото „Чиста околина- здрав живот“ и даде свој придонес за заштита на животната средина и создавање поодржлив свет. За таа цел ги спроведовме следните Еко- активности: - Собирање на стара хартија и пластика за рециклирање; - Собирање на отпадоци околу училиштето; - Еко репортери кои ги анкетираа граѓаните на оваа тема и делеа флаери со еколошка содржина; - Спортски Еко активности(куглање, фрлање ѓуле, кошарка и скокање во вреќа со реквизити од хартија). Денот на акција помина успешно, беа собрани големи количини на стара хартија и пластика за рециклирање и беше интересен за учениците и граѓаните. Акцијата беше покриена од локалната телевизија „Златен Канал“.