Moj НРП

Проект „Здравата вода - еликсир на здравјето“ 2013

Проект „Здравата вода - еликсир на здравјето“ 2013

ОПИС НА ПРОЕКТОТ Општа цел: - Да се подигне свеста кај луѓето за потребата од пиење - конзумирање поквалитетна, здрава и исправна вода Посебни цели: - Да се влијае врз долгорочно подобрување на здравјето на учениците и вработените. (Се одвојува водата за пиење од санитарните чворови и сите останати чешми.) - Да се вградат филтри за прочистување на водата за пиење (Ќе се постигне еколошко влијание. Естетски ќе се уреди просторот и ќе има здрава вода за пиење во следните 4-5 години за време на нивното времетраење) - Да се информира и инволвира јавноста во проектот (Родителите пред се, ќе бидат среќни и задоволни што институцијата во која престојуваат нивните деца поголем дел од времето во текот на денот, ќе биде обезбедена со чиста, питка и квалитетна здрава вода за пиење. Околината ќе го увиди и квалитетот на проектите во рамките на училиштата. Ќе бидеме единствено училиште од општината кое располага со филтри за прочистување на водата) - Да си ги прошират учениците своите сознанија за значењето на здравата вода за пиење (Учениците ќе бидат свесни за тоа колку е големо значењето на здравата вода. Ќе ги прошират своите сознанија, ќе учат за важноста на иновациите.) Проектот сеуште е во фаза на траење, така да во исчекување сме на резултатите од ипитувањата на квалитетот на водата од поставените филтри. Во рамките на проектот најактивно беа вклучени сите ученици и вработени во училиштето. Од бизнис секторот активно учество имаше фирмата Х.И. „ИНТЕЛЕКТ“ со донирање на финансиски средства и фирмата ДПС „Огно Пастор Компани“ исто така со донирање на финанскиски средства. Во соработка со училиштето, фирмата „БЕНТЕН-ПАН“ ја одбравме како поставувач на филтрите за подобрување на квалитетот на водата како и за местење на цеокупната инсталација. Во поставувањето на филтрите беа вклучени вработени во фирмата, родители и хаусмајсторот од училиштето, а во развивањето свест, информирањето на јавноста за подобрување на квалитетот на водата вклучувавме и ученици, вработени, родители, општина Аеродром, медиуми – Македонско радио, весникот Општина Аеродром, итн. Поради тоа што нашето планирање за завршница на овој проект беше следната учебна година и поради пролонгирање на информацијата за прифаќање на предвидениот проект, се случија мали промени од планот на активности. Не се изработи флаер за информирање на јавноста за спроведениот проект, исто така не се поставија табли со предупредувања и упатства за грижи покрај околните води, како и не се одржа промоција на проектот. Изработката на флаерите и промоцијата на проектот ќе се одржи во месец септември 2013 година кога учениците ќе се врата во училишните клупи. За конкретните придобивки сеуште не би можеле да напишеме што сме постигнале во однос на квалитетот на водата бидејќи сеуште чекаме резултати од испитувањата на водата од филтрите. Можеме да се пофалиме за естетско уредување на застарен простор кој можете да го забележите преку прказната во слики. Придобивка е тоа што филтрите се веќе поставени и вработените започнаа со консумирање на поквалитетна вода за пиење и веќе стекнаа навики за примена на поставените филтри. Учениците твореа на дадената тема „Здравата вода еликсир за здравјето“, цртаа, пишуваа поезија, беа наградени, анализираа, фотографираа, изработуваа хамери, Power Point презентации, учествуваа на состаноци на еко одборот, составуваа еко кодекс, слушаа предавања, пишуваа извештаи, извршија посети на институции, учествуваа во изработка на спот за водата, информираа јавност преку соопштенија, учествуваа во разни забавни игри со вода, работеа на проекти итн. Пошироката околина за проектот беше запознаена преку web страната на училиштето, web страната на Општина Аеродром, Македонско радио, весникот на Општина Аеродром, МТВ образовната емисија „Ѕвон“, соопштенија на огласната табла во училиштето, во очекување сме на промоција со видео спот за Совет на родители и на Училишен одбор, соопштенија истакнати во околината итн.