Moj НРП

Ајде мМакедонја - Македонија без одпад

Ајде мМакедонја - Македонија без одпад

ООУ „Св. Климент Охридски“ – Македонски Брод ИЗВЕШТАЈ од одржана акција „Ајде Македонија - Македонија без отпад“ На ден 05.10.2013 година (сабота), одржана е еколошка акција „ Ајде Македонија - Македонија без отпад“. Еколошката акција беше изведена во нашето училиште, со три работни задачи: - Чистење на училишниот двор, просториите во училиштето и просторот околу училиштето - Собирање на стара хартија - Отворен собирен пункт за стара хартија Акцијата започна во 8:00 часот. Од страна на Еко Одборот пред учениците беше презентирана програмата и целите на акцијата. Беа обезбедени потребните материјали и истите беа поделени на учениците. Учениците беа поделени во тимови, од кои секој тим си имаше своја задача која во целост беше реализирана. Беа дискутирани решенија и совети за чистење и справување со отпадот. По завршувањето на акцијата учениците во дискусија ги истакнаа своите впечатоци за акцијата и за нејзината цел. Целта на оваа акција беше активирање на учениците во чистење и складирање на отпадот и подигнување на свеста за зачувување на животната средина. Учениците можат искуството од оваа акција да го споделат и дома и во пошироката заедница. Насоки Наставниците, одговорни за секој тим, им ги презентираа задолженијата на тимовите и ги запознаа со целите на акцијата. Со ова учениците се мотивираа и се поттикна нивниот ентузијазам за чиста средина. Во подрачните училишта во Самоков исто така беше спроведена акцијата „Ајде Македонија - Македонија без отпад“ каде што учениците и вработените беа вклучени во чистење на училишниот двор и просториите во училиштето од разни видови на отпадоци. Исто така и во ПУ Манастирец, 35 ученици и 7 вработени се вклучија во акцијата со тоа што беа исчистени училишниот двор и просториите во училиштето. По завршувањето на акцијата во 11:00 часот, тимовите беа собрани на своите работни места и ги истакнуваа нивните впечатоци и идни залагања за чиста животна средина. Кон Извештајот ги приложуваме и фотографии.