Од 16 до 22 септември 2014 година во организација на Општина Битола и Граданочалникот д-р Владимир Талески се одржаа низа активности по повод Европската недела на мобилност. Нашето училиште зеде активно учество на овие активности и тоа на Проекцијата на докумнтарниот филм и дебатата на тема „Одржлив транспорт во Битола“ и изложба на ликовни теми. Секако најголем интерес кај учениците беше одбележувањето на Денот без автомобили, кога 30- тина ученици организирани од наставниците Жаклина Наумовска и Борче Марковски возеа велосипед од плоштадот Магнолија по Булевар 1 Мај и назад.