Moj НРП

Plant a tree for Peace

Plant a tree for Peace

Интернационалната програма „Учење за шумите“ (Learning about Forest) и програмата ЕНО (ENO) ги поканија училиштата од целиот свет да се вклучат во акцијата на садење дрва за одржлива иднина. Настанот од организаторите беше планиран на 21 септември – Светскиот ден на мирот на Обединетите Нации или како што е предложено во кампањата на 22 септември, понеделник 2014. Настанот е дел од светската кампања во која ќе се вклучат повеќе од 5000 училишта од 120 земји од целиот свет. Настанот ги поврзува децата од целиот свет, насочувајќи ги кон прашања од областа на животната средина. Што е уште поважно, настанот го промовира образованието за мир и ја зголемува свесноста на децата и учениците за важноста на дрвата и шумите во светски рамки. Садењето на дрва ја симболизира надежта и трајноста на животот. Во нашето училиште се реализираше оваа активност. За време на наставата врнеше дожд, еко активноста се реализираше во училниците со сите ученици од 1-9 одделение со различни активности се во знакот на дрвото, а следниот ден беше засадено дрво во училишниот двор.